Специфично искуство

Делува како локален правен советник на EVN AG Austria, во проектот за приватизација и купопродажба на 90% од обичните акции во Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија Електростопанство на Македонија, и подготовка на легал дуе дилигенце; дејствува како тековен правен советник и врши консултантски дејствија за EVN AG Austria.
 

Делува како локален правен советник и застапник на EUBK Holding Inc., USA во постапката за аквизиција на банка во Република Македонија.
 

Делува како локален правен советник на Freshfields Bruckhaus Deringer, UK (од 2004 година) ангажиран за постојано следење на законската регулатива за тутунската индустрија и подготовка на редовни правни совети и кратки прегледи од регулативата за животната средина.
 

Делува како локален правен советник на Конзорциумот на Price Waterhouse Coopers, CMS Cameron McKenna and ATKINS во Проектот на Европската Комисија - Regional Balkans Infrastructure Study - Electricity (REBIS) and Generation Investment Study (GIS). Ангажирани за откривање на изворите на податоци; Обезбедување на локални статути и регулатива; Обезбедување и анализа на договори од енергетскиот сектор каде странка е Република Македонија или претпријатие за јавни услуги, Одговори на прашалник во врска со аспекти од законската регулатива на Република Македонија; Анализа согласно дадените одговори на прашалникот дадени од експерти во врска со аспекти од законската регулатива; Анализа во согласност со Initial Fact Finding; Извештај до актуелниот правен режим во Република Македонија; Учество во работилници; Составување, распределба на примени и пречистени (рафинирани) одговори на правни прашалници; Анализа на сообразноста на Конечниот Извештај со актуелната правна ситуација; Постојан посредник со Министерството за Економија и со Контролорот за развој на регулативата; Постојано известување и анализа на измените и дополнувањата во законите и други промени во регулативата(како значаен и многу динамичен период на константни измени во статутите и регулативата од областа на енергетскиот сектор, трансформацијата на подружниците и стапување во сила на нови закони).
 

Делуваше кака локален правен консултант на Владата на Република Македонија во конзорциумот со MEINL BANK од Австрија во процесот на приватизација на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) во 2002 година.
 

Локален Правен Советник за MATAV Rt, HTC Ltd – Hungarian Telecom, проектот за купопродажба на обични акции во АД за телекомуникации “Македонски Телекомуникации” Скопје, како и преглед на сите расположливи документи, регулатива, акти, договори и инструменти и подготовка на legal due diligence – од 2000 до 2002 година.
 

Правен советник во проектот за купопродажба на акции во “Стопанска Банка”, Скопје, заедно со Правното консултантско друштво “Constant & Constant Solicitors”, Лондон, во 1998 година
 

Правен советник во проект за купопродажба на обични акции во АД “Тутунски комбинат” Скопје од “Reemtsma”, Germany преку “Tobacna” Љубљана; од 1998 до 1999 година.
 

Делуваше како специјален Македонски советник за Европска банка за обнова и развој во Проектот за изградба на нафтовод во Македонија, во врска со инвестиции за задолжување во El Pet Balkanike S.A. Petroleum Trading & Investment – подготовка на Второ правно мислење за Купопродажбата на акции и Договорот за концесија склучен на ден 08.05.1999 година помеѓу Владата на Република Македонија и EL.P.ET. - Balkanike, Societe Anonyme Petroleum Trading and Investment од Грција.
 

Закон за данок од добивка(измени) MATAV Hungary; Подготовка на Нацрт-закон за измените во Законот за данок од добивка за целосна правна реализација на приватизацијата на Друштвото МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ.
 

Стопанска банка АД Скопје; Закон за Санација на банки - измени; Подготовка на Нацрт-закон за измените во Законот за Санација на банките за целосна правна реализација на приватизацијата на Стопанска банка АД Скопје.
 

Учествуваше во процесот за создавање на Програма на владата за подобрување на правниот систем и усогласување и хармонизација со соодветните регулативи на Европската Унија, посебно во делот за привлекување на Странски директни инвестиции. Обезбедување на комплетна анализа на Македонските закони и компаративен преглед од аспект на соодветните меѓународни закони. Проектот е спроведен преку Министерството за Развој на Македонија.
 

Во Проектот на Европската Комисија - делува како локален правен советник во BERLIOZ CONSULTING Paris, France во CARDS Program Project за набавка на услуги чија цел беше да се обезбеди “Техничка подршка за заштита на авторски и сродни права” на Владата на Р.Македонија, и да се обезбеди успешна примена и стапување во сила на регулативата за Законот за Авторски и сродни права; Познавање на постоечките регулативи, процедури и состојбата во назначената област и организирање на обука; Испорака на инструктори кај државниот персонал на властите во Скопје и на други локации во земјата, со намера да се зајакне капацитетот на соодветните административни власти (полиција, Царина, јавни обвинители и судови), да стапат во сила законите и регулативата за заштита на авторски и сродни права, и да се имплементира и надгледува заштитата на авторски и сродни права. Особено, обука и помош на соодветните власти (полиција, Царина, јавни обвинители и судови) се обезбедени при испитување на кршење (непочитување) на авторски материјал, со истакнување на компјутерски софтвер, база на податоци и друго применување на информатика. Обука на соодветните власти за стапување во сила на законот и регулативата за заштита на авторски и сродни права.
 

Советник на Светска Банка во глобалното истражување за имотни права од аспект на регистрација на недвижности и одлуки по спорови. Прегледот од економската анализа за истражувањето беше издадена во годишниот извештај на Светска Банка насловен како “Doing Business in 2005.”
 

Делуваше како локален правен советник на неколку авионски компании, како GE Capital Aviation Services, Ireland; CIT GROUP/CAPITAL FINANCE, USA and CIT GROUP France; EMBRAER, Brazil, and BOMBARDIER AEROSPACE Canada, во проектите за изнајмување на авиони на локални авионски компании: подготовка на правни мислења врз основа на соодветните Македонски закони и регулатива; проценка на сообразноста на договорите со поставените услови од соодветните Македонски закони и регулатива; проценка на статусот и корпоративната моќ на Македонските правни лица, како страни во Договорите; идентификување и помош при набавување на сите потребни лиценци, дозволи, согласности, регистрации и барања за авионите врз основа на Договорите; итн.
 

Локален правен советник на ITS ISKRATEL Телекомуникациски системи ДОО експорт-импорт Скопје во севкупните бизнис активности во Р.Македонија, вклучувајќи и подготовка на Договори за опремување.
 

2006 © AДВОКАТСКО ДРУШТВО МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ