:: Партнери

Г-ѓа Билјана Чакмакова,
Постар партнер и адвокат

Родена на 24 мај, 1953 година во Скопје, Македонија.
Образование: дипломира на Правниот факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија во 1976 година, положен правосуден испит во 1977 година и регистрирана како Адвокат за заштита на индустриска сопственост во 1994 година;
Професионално искуство: (1976-1984) 1 година приправник, подоцна Стручен соработник во Апелационен суд и во Врховен суд, (1984-1992) Судија во Апелационен суд и во Врховен суд во областа на работните односи и спорови, статусни спорови на друштвата и дел од Граѓанско право, (1993-1995) Адвокат, (1995-2005) Со-основач и партнер во друштво за правни работи Менс Легис ДОО Скопје и Адвокат, (јули 2005- до сега) Основач, Постар партнер и Адвокат во Адвокатско Друштво МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА;
Професионални членства: Член на Адвокатската комора на Македонија, член на Здружението на правници за трговско право, член на Здружението на застапници за интелектуална сопственост, член на Меѓународната Адвокатска Комора-претставник за областа Македонија и член на Американската Адвокатска Комора, член-основач на Здружението на жени-правници ТЕМИС, член-основач на алумни-Здружението ИДЛО во Република Македонија, член на меѓународното Здружение на правници(UIA), член на мрежата за развој на трговските реформи во Југоисточна Европа во следниве организации: OECD, EBRD, каде зема активно учество во сите работилници за развој на трговското право.
Јазици: Англиски,Српски, Хрватски.

Г-ѓа Оливера Гроздановска
Партнер и адвокат

Родена на 4 мај, 1970 година во Скопје, Македонија.
Образование: дипломира на Правниот факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија, положен правосуден испит во 1996 година;
Професионално искуство: (1996-2001) друштво за правни работи Менс Легис ДОО Скопје, (2001-2005) Адвокат во адвокатска канцеларија Билјана Чакмакова, (јули 2005-сегашен) партнер и Адвокат во Адвокатско Друштво МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА;
Членства: Адвокатска комора на Македонија, меѓународно Здружение на правници(UIA).
Јазици: Српски и Хрватски.

Г-ѓа Весна Гаврилоска
Партнер и адвокат

Родена на 21 март, 1971 година во Скопје, Македонија, положен правосуден испит во 1996 година;
Образование: Правен факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија;
Професионално искуство: (1994-1996) приправник во Основен суд Скопје 2 Скопје, (1997-1998) правен советник во Државен завод за геодетски активности, Скопје, (1998-2000) стручен соработник во адвокатска канцеларија Билјана Чакмакова, (2000-2005) Адвокат во адвокатска канцеларија Билјана Чакмакова, (јули 2005-сегашен) партнер и Адвокат во Адвокатско Друштво МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА;
Членства: Адвокатска комора на Македонија, Меѓународно Здружение на правници(UIA).
Јазици: Англиски, Српски, Хрватски.

 

Г-ца Анела Николиќ
Партнер и адвокат

Родена на 21 март, 1969 година во Скопје, Македонија
Образование: Правен факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Македонија, положен правосуден испит во 1999 година;
Професионално искуство: (1993-1994) Административен помошник во “НАПРЕДОК ПЛАСТ” Joint venture за хемиски производи; (1994-1995) Управител во “КРИКО ХЕМ” Joint venture за хемиски производи; (1995-1996) правна пракса кај г-дин Мирослав Вујиќ, адвокат специјализиран за кривично право, (1996-1997) правна пракса во канцеларија на г-дин Генко Андоновски, специјализиран за граѓанско право, (1997-1998) приправник во Основен суд Скопје 1 Скопје, кај г-дин Раде Јовчевски, судија за граѓанско право и г-ца Лилјана Шопова, судија во кривичен оддел, (1999-2000) административен помошник во International Rescue Committee Македонија, (2000-2005) Адвокат во адвокатска канцеларија Билјана Чакмакова, (јули 2005-сегашен) партнер и Адвокат во Адвокатско Друштво МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА;
Членства: Адвокатска комора на Македонија, член на Здружението на жени-правници ТЕМИС-член на Комисијата за односи со Меѓународните правни здруженија и институции, Меѓународно Здружение на правници(UIA). Моментално студент на постдипломски студии за Деловно право на Правниот факултет “Јустинијана Прима” при Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје;
Јазици: Англиски, Српски, Хрватски.


2006 © AДВОКАТСКО ДРУШТВО МЕНС ЛЕГИС ЧАКМАКОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ